14/09/2026
**Mia & Timo комбинација создадена за модерен ентериер. 🤎**
Заоблените линии на **Timo** трпезариската маса и елегантната силуета на **Mia** столиците создаваат баланс помеѓу впечатлив дизајн, топлина и удобност.
**Timo** се издвојува со својата скулптурална основа од четири ребрести ногарки, поставени во центарот на масата. Комбинацијата од мат финиш на основата и сјајна површина на плочата ѝ дава посебна длабочина и карактер.
**Mia** ја надополнува композицијата со мек кадифен тапацир, отворена заоблена форма и тенки црни метални ногарки. Елегантна и визуелно лесна, таа внесува удобност без да го оптоварува просторот.
**Timo & Mia 💫 современа комбинација со карактер, создадена за долги вечери околу масата.